ПРИФАТИВМЕ ПРИМИРЈЕ ЗАШТО ГИ ИСПОЛНИВМЕ ЦЕЛИТЕ НА НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН, КАЖА ИЗРАЕЛ

    ПРИФАТИВМЕ ПРИМИРЈЕ ЗАШТО ГИ ИСПОЛНИВМЕ ЦЕЛИТЕ НА НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН, КАЖА ИЗРАЕЛИзраел кажа дека ја отстранил двојната непосредна закана од Иран, од нуклеарното оружје и балистичките ракети (Фото: АП)

    Израелската влада потврди дека го прифатила предлогот за примирје претставен од Доналд Трамп, но истакна дека жестоко ќе одговори на секое негово кршење.

    Израелската влада се согласи со предлогот за прекин на огнот откако ги постигна целите на нападите врз Иран. Ја отстранивме двојната непосредна егзистенцијална закана од Иран, од нуклеарното оружје и балистичките ракети, му нанесовме сериозна штета на военото раководство и уништивме десетици цели на централната иранска влада“, стои во соопштението на израелската влада.

    Израел притоа им се заблагодари на Доналд Трамп и на САД за нивната поддршка во одбраната и за учеството во елиминирањето на иранската нуклеарна закана.

    Доналд Трамп ноќеска после полноќ по средноевропско време објави дека договорил примирје помеѓу Израел и Иран, кое утрово стапи во сила и ги замоли двете страни да не го кршат. Висок функционер од Белата куќа изјави дека Трамп договорил прекин на огнот во телефонски разговор со Бенјамин Нетанјаху, при што Израел рекол дека го прифаќа доколку и Иран запре со нападите.

    Израел и Иран ми пристапија речиси истовремено и ми рекоа дека сакаат мир. Под претпоставка дека сè ќе функционира како што треба, би сакал да им честитам на двете земји што имаа издржливост, храброст и интелигенција да ја завршат оваа 12-дневна војна“, рече Трамп.

    Иран, кој ги лансираше последните проектили кон Израел непосредно пред почетокот на примирјето, кажа дека прекин на огнот му бил наметнат на Израел по вчерашниот ирански ракетен напад врз американска воена база во Катар.

    Трамп молеше за примирје по успешниот ирански напад“, кажаа на иранската државна телевизија.

    САД и Израел претходно биле известени дека ќе има напад, со цел да се спречи натамошна ескалација. Трамп притоа му се заблагодари на Иран што им го најавил нападот.

    Иран испука 14 проектили кон американската база. Тоа беше многу слаб одговор, што го очекувавме, па лесно беше спречен“, рече Трамп.

    Израел го нападна Иран на 13 јуни, под изговор дека сака да го спречи да создаде атомска бомба. Притоа уби повеќе од 20 високи воени заповедници и десетина нуклеарни научници и со помош на САД ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, во кои се вршеше збогатување ураниум. Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс кажа дека Иран веќе нема да биде способен да создаде нуклеарно оружје по американските напади во неделата.

    Клучното прашање е дали иранската способност за збогатување ураниум е целосно уништена. Но, испративме јасна порака до Иран: американските борбени авиони можат да стигнат до него во секое време“, рече Венс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира