ПРИМИРЈЕТО НЕ Е ЗАГРОЗЕНО, КАЖА ТРАМП ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА ПОРАДИ УБИСТВОТО НА ВОЈНИК

    ПРИМИРЈЕТО НЕ Е ЗАГРОЗЕНО, КАЖА ТРАМП ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА ПОРАДИ УБИСТВОТО НА ВОЈНИКВо нападите загинале најмалку 60 Палестинци, кажаа локалните власти (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека примирјето во Газа не е загрозено откако Израел вчера лансираше воздушни напади поради убиството на израелски војник. Во нападите загинале најмалку 104 Палестинци, кажаа локалните власти.

    Израелски авиони ја нападнаа Газа откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го обвини Хамас за кршење на примирјето, кое почна да се спроведува на 10 октомври.

    Колку што разбрав, тие убиле израелски војник. Израелците возвратија и треба да возвратат во таква ситуација. Ништо не е загрозено. Хамас е многу мал дел од мирот на Блиски Исток и мора добро да се однесува“, изјави Трамп.

    Од израелската војска кажаа дека Хамас го прекршил примирјето така што извел напад врз израелските сили преку таканаречената жолта линија, каде што Израелците се повлекоа според договорот во чие склучување посредуваа САД, Египет, Катар и Турција.

    Ако Хамас се добри, ќе бидат среќни, а ако не се добри, нивните животи ќе бидат уништени. Никој не знае што се случило со израелскиот војник, но Израел вели дека тоа бил снајперски оган. И нападите биле одмазда и мислам дека имаат право да го сторат тоа“, кажа Трамп.

    Хамас негираше дека е одговорен за пукањето врз израелските сили во Рафа и додаде дека е посветен на примирјето.

    Злосторничкото бомбардирање на фашистичката окупаторска израелска армија врз Појасот Газа претставува очигледно кршење на договорот за прекин на огнот“, соопшти Хамас, додавајќи дека ќе го одложи враќањето на телото на заложникот што го пронајде вчера.

    Хамас досега врати само 15 од 28-те тела на починати заложници и побара помош во нивно лоцирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира