ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ДОБИ ОВАЦИИ НА МАШКОТО ФИНАЛЕ НА ВИМБЛДОН, ЌЕ ГО ВРАЧИ ПЕХАРОТ НА ПОБЕДНИКОТ

    ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ДОБИ ОВАЦИИ НА МАШКОТО ФИНАЛЕ НА ВИМБЛДОН, ЌЕ ГО ВРАЧИ ПЕХАРОТ НА ПОБЕДНИКОТПринцезата од Велс ќе го врачи трофејот на победникот во мечот меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ. (Фото: Гети)

    Принцезата од Велс беше пречекана со стоечки овации кога седна на своето место на Централниот терен во машкото финалте на Вимблдон. Таа дојде со ќерка ѝ, принцезата Шарлот, и сестрата Пипа. Го следи мечот меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

    Ова е второ појавување на Кетрин во јавноста по нејзината дијагноза на рак и абдоминална операција на почетокот на оваа година.

    Кетрин е покровителка на Ол-Ингланд клуб за тенис на трева во изминатите осум години и ќе му го врачи трофејот за машки сингл на победникот во финалето на турнирот.

    Бранителот на титулата Алкараз има за цел да го повтори минатогодишниот епски меч во пет сета против Ѓоковиќ. А Ѓоковиќ конкурира за израмнување на рекордот од осум освоени титули на Вимблдон во машка конкуренција и својата 25 голема генерална титула.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира