Бугарската полиција вечерва го приведе поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, објавија тамошните медиуми. Покрај него, приведени се неговата ПР советничка Севдалина Арнаудова, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната пратеничка Менда Стојанова.
Акцијата на бугарската полиција е по истрага на Европското јавно обвинителство, објави бугарската телевизија „Нова“. Паралелно со приведувањата, се извршуваат претреси на многу локации.
Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител е независно тело, формирано од Европската унија да истражува злоупотреби на европските фондови.