ПРОДЕМОКРАТСКИ КАНДИДАТИ ОДНЕСОА УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ХОНГКОНГ ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ЖЕСТОКИ ПРОТЕСТИ

    ПРОДЕМОКРАТСКИ КАНДИДАТИ ОДНЕСОА УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ХОНГКОНГ ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ЖЕСТОКИ ПРОТЕСТИВладата соопшти дека ќе ги почитува резултатите кои го покажуваат незадоволството на народот со сегашната ситуација (Фото: АП)

    Лидерката на Хонгконг Кери Лам изјави дека владата ќе ја слуша јавноста со отворен ум откако прокинеските кандидати беа тешко поразени на вчерашните локални избори.

    Според тамошните медиуми, 17 од 18-те совети сега се контролирани од продемократски советници по изборите на кои што излегоа 71% гласачи. Овие резултати се сметаат за тежок удар за водството на Лам по неколкумесечни протести и судири со полицијата.

    „Владата ќе ги почитува резултатите. Тие јасно го покажуваат незадоволството на народот со сегашната ситуација и од проблемите кои се длабоко вкоренети во општеството. Владата послушно ќе ги слуша мислењата на јавноста и сериозно ќе одговара на нив“, изјави Лам.

    Протестите во Хонгконг траат веќе шест месеци, иако владата одамна го повлече законот за екстрадиција, што беше повод за нив. Полицијата на моменти користеше и боева муниција, при што беа повредени неколку демонстранти.

    Владата и Пекинг се надеваа дека изборите ќе добијат поддршка од таканареченото тивко мнозинство, но тоа не се оствари. Локалните совети имаат мала политичка моќ и главно решаваат локални проблеми, но тие можат да имаат влијание врз изборот на лидерот на Хонгконг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира