ПРОДОЛЖЕТЕ ДА СОНУВАТЕ АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ЕВРОПА МОЖЕ ДА СЕ ОДБРАНИ САМА, КАЖА РУТЕ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    ПРОДОЛЖЕТЕ ДА СОНУВАТЕ АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ЕВРОПА МОЖЕ ДА СЕ ОДБРАНИ САМА, КАЖА РУТЕ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТРуте ги отфрли повиците за создавање посебна европска војска (Фото: АП)

    Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кажа дека Европа е неспособна да се брани себеси без американска воена поддршка и за тоа би морала да ги удвои трошоците за одбрана за повеќе од половина.

    Ако некој мисли дека Европска Унија или Европа во целина може да се брани себеси без помош од САД, нека продолжи да сонува. Не може. Европа и САД се потребни едни на други“, рече Руте во Европскиот парламент.

    Тензиите помеѓу сојузниците од НАТО пораснаа по заканите на Доналд Трамп дека ќе го заземе Гренланд, при што најави нови царини за осум европски држави. Тој потоа се откажа од заканата со царини откако наводно постигнал договор за Гренланд со помош на Руте, за што не беа објавени детали.

    На самитот на НАТО во јули, сите членки освен Шпанија се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од бруто домашниот производ до 2035 година.

    Ако навистина сакате да одите сами, заборавете дека некогаш ќе можете да стигнете таму со 5%. Ќе бидат 10%. Мора да изградите сопствен нуклеарен капацитет, а тоа чини милијарди и милијарди евра. Без Америка, Европа ќе го изгуби крајниот гарант на својата слобода, а тоа е американскиот нуклеарен чадор. Па, со среќа!“, кажа Руте.

    Тој ги отфрли повиците на некои водечки европски политичари за создавање посебна европска војска.

    Владимир Путин многу би ја сакал оваа идеја, бидејќи тоа би ги растегнало европските армии и би ги направило послаби“, додаде Руте.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира