ПРОДОЛЖУВААТ НАПАДИТЕ НА РУСКАТА ТЕРИТОРИЈА, СО ДРОНОВИ ПОГОДЕНИ ДВЕ РАФИНЕРИИ ВО КРАСНОДАР

    ПРОДОЛЖУВААТ НАПАДИТЕ НА РУСКАТА ТЕРИТОРИЈА, СО ДРОНОВИ ПОГОДЕНИ ДВЕ РАФИНЕРИИ ВО КРАСНОДАРЕден дрон паднал во рафинеријата Илски, но не предизвикал штета (Фото: АФП)

    По вчерашниот напад со дронови на Москва, за кој Украина не презеде одговорност, денеска на ист начин биле нападнати две нафтени рафинерии во рускиот регион Краснодар, а бил гранатиран и пограничниот регион Белгород, велат локалните власти.

    Двете рафинерии се наоѓаат само 80-ина километри источно од најголемиот руски терминал за извоз на нафта Новоросијск. Гувернерот на Краснодар, Венјамин Кондратјев, изјави дека во рафинеријата Афипски избил пожар откако била погодена со дрон, кој потоа бил изгаснат. Друг дрон паднал во рафинеријата Илски, но не предизвикал штета на инфраструктурата.

    Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгород, кажа дека четири лица се ранети во гранатирањето на градот Шебекино, сместен само седум километри од границата со Украина. Тој вели дека градот неколкупати бил гранатиран во изминатите денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира