ПРОПАДНА И ДЕНЕШНАТА ЕВАКУАЦИЈА ОД МАРИУПОЛ, ВЕЛАТ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ

    ПРОПАДНА И ДЕНЕШНАТА ЕВАКУАЦИЈА ОД МАРИУПОЛ, ВЕЛАТ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТДвете страни се обвинуваат за кршење на примирјето во Мариупол (Фото: АП)

    Пропадна и денешниот обид за евакуација на цивилното население од окружениот град Мариупол, објави Црвен крст, за што проруските сепаратисти и украинската национална гарда меѓусебно се обвинуваат.

    Утрово беше договорено ново примирје, кое требаше да трае од девет до 20 часот по македонско време, но украинската страна кажа дека Русите продолжиле да ја гранатираат областа која требало да биде безбедна.

    Од сепаратистичката администрација на Доњецк, пак, ги обвинија украинските сили за непочитување на ограниченото примирје. Оттаму кажаа дека само 300 цивили успеале да излезат од Мариупол, додека украинската влада планира евакуација на 200.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира