ПРОПАЛЕСТИНСКИ ДЕМОНСТРАНТИ НЕ ДОЗВОЛИЈА ИЗРАЕЛСКИ ТУРИСТИ ДА ГО ПОСЕТАТ ГРЧКИОТ ОСТРОВ СИРОС

    ПРОПАЛЕСТИНСКИ ДЕМОНСТРАНТИ НЕ ДОЗВОЛИЈА ИЗРАЕЛСКИ ТУРИСТИ ДА ГО ПОСЕТАТ ГРЧКИОТ ОСТРОВ СИРОСДемонстрантите вееја палестински знамиња и повикуваа на крај на војната во Газа (Фото: СДК.МК)

    Крузер со израелски туристи го напушти грчкиот остров Сирос без патниците да се истоварат откако повеќе од 150 демонстранти протестираа на пристаништето, веејќи палестински знамиња и повикувајќи на крај на војната во Газа.

    Носејќи транспаренти на кои пишуваше „Стоп на геноцидот“ и „Без клима уред во пеколот“, демонстрантите извикуваа слогани во близина на местото каде што беше пристанат крузерот „Краун Ајрис“, соопштија локалните медиуми. Нема извештаи за какво било насилство. Израелската компанија „Мано Круз“ соопшти дека на бродот имало околу 1.700 патници и дека плови кон Кипар.

    Крајбрежната стража кажа дека бродот испловил околу 15 часот, порано од првично закажаното, но не даде дополнителни детали.

    Раководството на Мано Круз одлучи да отплови кон друга туристичка дестинација. Сите патници и членови на екипажот се одмораат на бродот на пат кон новата дестинација“, соопшти компанијата

    Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Сар, го контактирал својот грчки колега Јоргос Герапетритис во врска со инцидентот, потврди министерството за надворешни работи во Атина, но не објави никакви детали за нивниот разговор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира