ПРОРУСКИ ПАРАВОЕН ЛИДЕР УБИЕН ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО МОСКВА

    ПРОРУСКИ ПАРАВОЕН ЛИДЕР УБИЕН ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО МОСКВАУкраинската безбедносна служба го означи Артем Саркисјан како криминален шеф во регионот Доњецк

    Прорускиот паравоен лидер од источна Украина Артем Саркисјан е убиен кога експлодираше бомба во зграда со луксузни станови во Москва. Руската новинска агенција ТАСС објави дека станува збор за добро испланиран атентат.

    Бомбата била детонирана кога Саркисјан и неговиот телохранител влегувале во предворјето на станбен комплекс на брегот на реката Москва, 12 километри од Кремљ. Двајцата загинале на самото место, а уште три лица се ранети.

    Атентатот врз Саркисјан бил внимателно испланиран и нарачан. Истражителите моментално ги идентификуваат нарачателите на ова злосторство“, изјави еден руски функционер.

    Телеграм каналот „База“ објави снимки од местото на експлозијата, кои покажуваат големи штети во предворјето на зградата.

    Во декември, Украинската безбедносна служба го означи Саркисјан како криминален шеф во регионот Доњецк и официјално го обвини за учество во незаконски вооружени групи. Во 2022 тој формирал руска паравоена единица составена од етнички Ерменци со цел да се борат против Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира