ПРОСТИТУЦИЈАТА ЦУТИ ЗА ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНИОТ САМИТ ВО ДАВОС, ЗА ЕДНА НОЌ СЕ НАПЛАТУВА И 2.300 ЕВРА

    ПРОСТИТУЦИЈАТА ЦУТИ ЗА ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНИОТ САМИТ ВО ДАВОС, ЗА ЕДНА НОЌ СЕ НАПЛАТУВА И 2.300 ЕВРАОваа година на самитот учествуваат речиси 600 извршни директори и 50 шефови на влади (Фото: Гети)

    Глобалниот самит во Давос на кој се решаваат најголемите светски проблеми предизвикува наплив на проститутки во ова швајцарско одморалиште. Побарувачката по сексуалните работнички вртоглаво расте секоја година додека се одржува средбата на стотици политички лидери и бизнисмени, кои пристигнуваат од цел свет.

    Придружничките се резервираат во истите хотели во кои што отседнуваат и угледните гости кои учествуваат на петдневниот самит, кој почна на 16 јануари.

    Сексуалната работничка по име Лијана откри за германскиот весник „Билд“ дека носи деловна облека за да не се истакнува меѓу гостите, и покрај тоа што проституцијата е легална во Швајцарија. Лијана вели дека наплатува околу 700 евра за час, односно 2.300 евра за цела ноќ, плус патни трошоци.

    Некои букираат придружнички за себеси и за своите вработени за забава во хотелскиот апартман“, изјави менаџерката на една ескорт служба од градот Аргау.

    Триесет и шестгодишната сексуална работничка Саломе Балтхус вели дека престојува во хотел близу Давос, но одби да открие кои се нејзините клиенти.

    Верувајте ми, не би сакале да им се замерите и да завршите на суд“, вели таа.

    Меѓу темите за кои се дискутира на годинашниот самит се војната во Украина, глобалната инфлација, климатските промени и нееднаквоста. Оваа година учествуваат речиси 600 извршни директори и 50 шефови на влади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира