ПРОТЕСТИ И АПСЕЊА ВО МИНСК ПО РЕИЗБОРОТ НА ЛУКАШЕНКО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БЕЛОРУСИЈА

    ПРОТЕСТИ И АПСЕЊА ВО МИНСК ПО РЕИЗБОРОТ НА ЛУКАШЕНКО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БЕЛОРУСИЈАСведоци велат дека полицијата присилно приведувала демонстранти, и дека полициско комбе удрило во толпа луѓе во Минск. (Фото: Ројтерс)

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко е реизбран со  убедлива победа на вчерашните изборите, соопшти денес Изборната комисија. По изборите, следеа крвави судири меѓу полицијата и илјадниците демонстранти кои реагираа дека гласањето е наместено. Според Комисијата, Лукашенко освоил 80 отсто од гласовите, а Светлана Тиханоскаја, поранешна наставничка по англиски јазик, освои 9,9% од гласовите.

    Тихонскаја обвини за лажирање на изборите и рече дека се смета себеси за победник, а дека опозицијата ќе побара пребројување на гласовите на спорнте места.

    Лукашенко владее со земјата од 1994 година, но се соочува со неговиот најголем предизвик, да ја задржи својата моќ во период кога расте незадоволството во некои делови од земјата околу неговото справување со ковид-19, економијата и почитувањето на човековите права.

    По синоќешноте протести, денес е мирно во Минск и во другите градови. Полицијата испукала водени топови и употребила солзавец. Сведоци велат дека полицијата присилно приведувала демонстранти, и дека  полициско комбе удрило во толпа луѓе во Минск.

    Според групата за права „Пролет 96“, најмалку едно лице загинало во инцидентот со комбето. Во извештајот се наведува дека десетици биле повредени во судирите и дека над 100 лица биле приведени. Властите соопштија дека никој не го загубил животот, но дека 10 полицајци биле повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира