Илјадници демонстранти во автомобили и пешки ги игнорираа наредбите за седење дома на американската држава Мичиген и побараа тие да бидат повлечени.
„Време е нашата држава да се отвори“, кажа една од демонстрантите во нејзиниот автомобил.
„Не се издржува веќе да не можеме да ги купиме работите што ни се потребни, да одиме на фризер. Време е да се отвори државата“, додаде таа.
Гувернерката Гречен Витмер, која е од Демократската партија, беше критикувана од вооружените демонстранти, кои го поддржуваат претседателот Доналд Трамп. Витмер им одговори на демонстрантите дека ја разбира нивната фрустрација, но кажа дека тажна иронија е што протестите можат да придонесат за дополнително ширење на вирусот. Досега, 1.900 жители на Мичиген починаа од коронавирусот.
Трамп, пак, изгледа дека ги поддржува протестите против строгите мерки. Во серија твитови, тој напиша: „Ослободете ја Минесота“, „Ослободете го Мичиген“ и „Ослободете ја Вирџинија“.