ПРОТЕСТИТЕ ВО ИРАН СТАНУВААТ ПОНАСИЛНИ, 12 ЗАГИНАТИ

    ПРОТЕСТИТЕ ВО ИРАН СТАНУВААТ ПОНАСИЛНИ, 12 ЗАГИНАТИНајголемите протести во Иран од 2009 година почнаа во четвртокот во Машад и потоа се проширија во неколку други градови (Фото: АП)

    Протестите во Иран го имаа најкрвавиот ден досега, откако 12 луѓе беа убиени во обидите да се заземат воени бази и полициски станици, соопшти државната телевизија.

    Најголемите протести во Иран од претседателските избори во 2009 година почнаа во четвртокот во Машад и потоа се проширија во неколку други градови, вклучувајќи го и Техеран и тие се насочени како кон лошата економска ситуација и корупцијата во земјата, така и против владата и врховниот лидер Ајатолах Али Хамнеи.

    „Ова е ништо. Протестите се шанса, а не закана“, изјави претседателот на Иран, Хасан Рухани, ветувајќи дека ќе ги разбие оние кои ги кршат законите.

    Доналд Трамп им даде поддршка на протестите, додека властите ги забранија Инстаграм и една апликација за праќање пораки, преку кои демонстрантите се организираа и споделуваа информации за случувањата.

    Шест лица се застрелани во западниот град Тујсеркан, а тројца загинати има и во Шаиншар.

    „Вооружени демонстранти се обидоа да заземат полициски станици и воени бази, но наидоа на жесток отпор од безбедносните сили“, објави државната телевизија.

    Иранската револуционерна гарда зазеде тврд став и ги предупреди демонстрантите дека ќе се соочат со „железна тупаница“ ако продолжат со протестите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира