ПРОТИВНИЦИТЕ И ЛОЈАЛИСТИТЕ НА ВУЧИЌ СЕ СУДРИЈА ПРЕД СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, УАПСЕНИ 37 ЛУЃЕ

    ПРОТИВНИЦИТЕ И ЛОЈАЛИСТИТЕ НА ВУЧИЌ СЕ СУДРИЈА ПРЕД СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, УАПСЕНИ 37 ЛУЃЕПолициски кордони ги раздвојуваа двете страни, кои фрлаа шишиња, факели и топовски удари едни кон други (Фото: АП)

    Стотици полицајци за разбивање нереди ги раздвојуваа синоќа противниците и поддржувачите на српскиот претседател Александар Вучиќ, откако антивладините демонстранти се собраа синоќа во Белград за да ѝ дадат поддршка на Дијана Хрка, чиј син загина во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад пред една година. Таа вчера кажа дека почнува штрајк со глад близу шаторската населба Ќациленд пред зградата на парламентот, каде што со месеци кампуваат лојалистите на Вучиќ.

    Собири во знак на поддршка на Хрка вчера имаше и во други градови во Србија, што се случи ден по огромниот комеморативен собир во Нови Сад, со кој беше одбележана првата годишнина од трагедијата.

    Полицијата и Вучиќ синоќа ги обвинија демонстрантите за напад на кампот, додека тие кажаа дека инцидентите биле предизвикани од кампот. Полициски кордони ги раздвојуваа двете страни, кои фрлаа шишиња, факели и топовски удари едни кон други. Ситуацијата се смири во текот на ноќта.

    Брза помош соопшти дека две лица биле примени во болница поради повреди здобиени пред парламентот, а полицијата кажа дека се приведени 37 луѓе, меѓу кои и поранешниот српски кошаркарски репрезентативец Владимир Штимац.

    Надлежните државни органи се спремни да одговорат на сѐ што се случува на улиците. По дебаклот во Нови Сад, каде што имаше двојно помалку луѓе од очекуваното, не можеа да донесат никаква паметна одлука освен да нападнат. Ќациленд е симбол на отпорот на разни притисоци и симбол на постоењето на Србија и нема да успеат да го урнат“, кажа Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира