ПРВ ГОЛЕМ ПОЛИТИЧКИ ПОРАЗ НА МЕЛОНИ, ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГИ ОТФРЛИЈА СУДСКИТЕ РЕФОРМИ НА РЕФЕРЕНДУМ

    ПРВ ГОЛЕМ ПОЛИТИЧКИ ПОРАЗ НА МЕЛОНИ, ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГИ ОТФРЛИЈА СУДСКИТЕ РЕФОРМИ НА РЕФЕРЕНДУМНа дводневниот референдум, 54% гласачи се изјаснија „против“ (Фото: ДПА)

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони го доживеа првиот значаен политички пораз откако не помина нејзиниот референдум за уставни реформи. Таа кажа дека ги прифаќа резултатите од дводневниот референдум, на кој 54% гласачи се изјаснија „против“.

    Италијанците гласаа јасно и ќе ја почитувам нивната одлука, но жалам за изгубената шанса да се модернизира земјата“, рече Мелони во видеопорака.

    Опозициските партии го поздравија резултатот како знак дека гласачите бараат промени. Општите избори се закажани следната година.

    И покрај сложеното прашање на гласачките ливчиња, излезноста беше дури 60%. Реформата што гласачите ја отфрлија ќе вметнеше цврста поделба помеѓу судиите и обвинителите во уставот. Исто така, се предлагаа посебни тела што ќе управуваат со нив и нов дисциплински суд. Владата тврдеше дека промената е клучна за подобрување на судската независност, додека опозицијата сметаше дека тоа ќе го наруши внимателно воспоставениот баланс на моќта по поразот на фашизмот и ќе го зголеми политичкото влијание врз судовите.

    Мелони претходно кажа дека нема да поднесе оставка ако референдумот пропадне.

    Гласањето не е за мене, туку за правдата“, рече таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира