АМЕРИКАНСКА ИСТРАГА ПОКАЖА ДЕКА САД ГО БОМБАРДИРАЛЕ ШКОЛОТО ВО ИРАН ВО КОЕ ЗАГИНАА 168 УЧЕНИЧКИ

    АМЕРИКАНСКА ИСТРАГА ПОКАЖА ДЕКА САД ГО БОМБАРДИРАЛЕ ШКОЛОТО ВО ИРАН ВО КОЕ ЗАГИНАА 168 УЧЕНИЧКИНајмладите жртви на нападот имале седум години (Фото: Анадолу)

    Американските воени истражители веруваат дека најверојатно американските сили се одговорни за нападот врз школото за девојчиња во Иран, во кој загинаа најмалку 168 ученички и 14 наставници. Сепак, според двајца американски функционери, истрагата сѐ уште не е довршена и не е донесен конечен заклучок.

    „Ројтерс“ не успеа да дознае повеќе детали за истрагата, вклучувајќи какво оружје било користено во нападот, кој е одговорен и зошто САД би го гаѓале школото. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет потврди вчера дека војската го истражува инцидентот.

    Училиштето во Минаб во јужен Иран беше погодено на 28 февруари, на првиот ден од американско-израелските напади. Израелската војска тогаш кажа дека нема информации за какви било американски или израелски напади во таа област, додека портпаролот на Централната команда на американската војска кажа дека го истражуваат случајот.

    „САД не би таргетирале училиште намерно“, кажа американскиот државен секретар Марко Рубио.

    Основното училиште „Шаџаба Тајиба“ е сместено во непосредна близина на иранска воена база. Масовниот погреб на убиените се одржа на 3 март.

    Израелските и американските сили досега ги делеа своите напади во Иран, и географски и според типот на цел, изјави висок израелски функционер. Додека Израел напаѓаше места за лансирање ракети во западен Иран, САД гаѓаа ракетни и поморски цели на југот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира