ПУКАЊЕ ВО ШКОЛО ВО ФИНСКА, 13-ГОДИШНИК РАНИ ТРИ ДЕЦА

    ПУКАЊЕ ВО ШКОЛО ВО ФИНСКА, 13-ГОДИШНИК РАНИ ТРИ ДЕЦАОсомничениот напаѓач е уапсен (Фото: Гети)

    Три деца на возраст од 13 години се ранети во пукање во училиште во финскиот град Ванта близу Хелсинки. Полицијата кажа дека реагирала на пукањето кое се случило пред девет часот по локално време, при што им порача на локалните жители да не излегуваат надвор.

    Осомничениот напаѓач, кој исто така е 13-годишник, е уапсен.

    Очевидците изјавија дека две амбулантни возила го напуштиле местото на инцидентот.

    „Непосредната опасност помина. Жртвите се превезени во болница“, изјави портпаролот на полицијата.

    Пукањето се случи откако учениците се вратија во школите по велигденските празници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира