ПУТИН ДОЗВОЛУВА СТРАНСКИ ДОБРОВОЛЦИ ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ УКРАИНЦИТЕ

    ПУТИН ДОЗВОЛУВА СТРАНСКИ ДОБРОВОЛЦИ ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ УКРАИНЦИТЕПутин ќе ги опреми проруските борци во Доњецк и Луганск со американски проектили (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин изјави дека странски доброволци се добредојдени да помогнат во борбата против украинските сили.

    „Ја поддржувам таа идеја. Секој кој сака да волонтира во редовите на руските вооружени сили треба да добие дозвола“, кажа Путин на состанокот на рускиот безбедносен совет.

    Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, 16.000 доброволци од Блиски Исток биле подготвени да се вклучат во руските вооружени сили.

    Путин исто така го одобри предавањето на заробените американски проектили „стингер“ и „џавелин“ на проруските борци во отцепените региони Доњецк и Луганск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира