Кремљ објави дека Владимир Путин е подготвен да се сретне со Володимир Зеленски ако биде неопходно.
„Путин кажа дека би бил спремен да преговара со Зеленски, но потребна е расправа за правната основа на договорите, со оглед на тоа што може да се доведе во прашање легитимноста на Зеленски“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Претседателскиот мандат на Зеленски истече во мај минатата година. Украинските власти велат дека поради руската агресија и воената состојба во земјата е невозможно да се организираат избори.
Песков истовремено кажа дека Русија не се противи на членството на Украина во Европска Унија, но воените сојузи се нешто сосема друго.
„Европската Унија не е закана за безбедноста на Русија и членството е суверено право на секоја држава. Но, нашиот став за прашања поврзани со безбедноста, одбраната и воените сојузи е сосема поинаков. Таму има уште еден проблем, кој им е добро познат на сите“, додаде тој.