ПУТИН ГИ ПОСЕТИ ОКУПИРАНИТЕ РЕГИОНИ ХЕРСОН И ЛУГАНСК И НА РУСКАТА ВОЈСКА Ѝ ДОНЕСЕ ИКОНИ

    ПУТИН ГИ ПОСЕТИ ОКУПИРАНИТЕ РЕГИОНИ ХЕРСОН И ЛУГАНСК И НА РУСКАТА ВОЈСКА Ѝ ДОНЕСЕ ИКОНИКремљ не кажа кога се случиле посетите (Фото: АП)

    Владимир Путин ненајавено ги посети руските сили во окупираните украински региони Херсон и Луганск, потврди Кремљ, не додавајќи кога се случило тоа. Кремљ кажа дека Путин присуствувал на состанок на воената команда во Херсон, а во Луганск посетил седиште на националната гарда.

    Во Херсон, воените заповедници го информирале за ситуацијата во јужните региони Херсон и Запорожје, кои Путин ги анектираше минатиот септември, но кои и натаму не се под целосна контрола на руските сили. Место тоа, тие дури беа принудени да се повлечат од градот Херсон.

    „Не сакав да ви го одвраќам вниманието од вашите задолженија, но ми беше важно да го слушнам вашето мислење како се развива ситуацијата, да ве ислушам и да размениме информации“, рекол Путин.

    Ова е само втора посета на Путин на Украина од почетокот на руската инвазија, откако во март дојде во Мариупол. Локациите на воените седишта кои сега ги посети не беа откриени, па не може да се процени колку блиску дошол до линијата на фронтот. Тој ѝ честиташе Велигден на војската и на двете локации донесе икони.

    Посетата на Путин следува додека Украина подготвува нова противофанзива, која, според последните најави, нема да почне пред мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира