ПУТИН И КИМ ПОТПИШАА ПАКТ ЗА СЕОПФАТНО ПАРТНЕРСТВО, ПРЕДВИДУВА И ЗАЕМНА ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА АГРЕСИЈА

    ПУТИН И КИМ ПОТПИШАА ПАКТ ЗА СЕОПФАТНО ПАРТНЕРСТВО, ПРЕДВИДУВА И ЗАЕМНА ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА АГРЕСИЈАПутин и Ким разговарале насамо околу два часа (Фото: Гети)

    Владимир Путин и Кин Џонг Ун потпишаа пакт за сеопфатно стратешко партнерство, откако рускиот претседател ноќеска пристигна во првата посета на Северна Кореја по пауза од 24 години. Руските државни медиуми објавија дека двајцата лидери разговарале насамо околу два часа.

    Путин кажа дека со Ким најмногу разговарале за светски прашања и за глобалната агенда и дека договорот што го потпишале има одбранбена и мирна природа.

    Северна Кореја има право да се брани. Договорот за сеопфатно партнерство потпишан денеска предвидува и давање заемна помош во случај на агресија врз една од страните во договорот. Руската Федерација не ја исклучува можноста за воено-техничка соработка со Демократска Народна Република Кореја“, рече Путин.

    Новинската агенција „ТАСС“ извести дека новиот пакт ќе ги замени договорите од 1961 и 2000/01 година.

    Ова произлегува од длабоката еволуција на геополитичката ситуација во светот и регионот. Новиот договор е во согласност со сите основни принципи на меѓународното право и нема конфронтирачка природа. Тој не е директно насочен против ниедна држава, туку има за цел да обезбеди поголема стабилност во североисточна Азија“, изјави помошникот на Путин, Јури Ушаков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира