ПУТИН ИМ ДАВА РУСКО ДРЖАВЈАНСТВО НА СИТЕ СТРАНЦИ КОИ СЕ БОРАТ ВО УКРАИНА

    ПУТИН ИМ ДАВА РУСКО ДРЖАВЈАНСТВО НА СИТЕ СТРАНЦИ КОИ СЕ БОРАТ ВО УКРАИНАМосква нема објавено колку странски државјани се борат во Украина (Фото: ТАСС)

    Владимир Путин потпиша указ со кој странските државјани кои се борат во Украина ќе добијат руско државјанство.

    Во наредбата стои дека оние кои потпишале договори со руската војска за учество во „специјалната воена операција“ во Украина можат да аплицираат за руско државјанство за себеси и за нивните сопружници, деца и родители. Тие мора да приложат документи дека потпишале на најмалку една година. Ова важи и за регуларната војска и за други воени формации, што би можело да се однесува на платеничката група „Вагнер“,

    Аналитичарите сметаат дека целта на оваа мерка е привлекување дополнителни странци со воено искуство во редовите на руската војска. Москва нема објавено колку странски државјани се борат во Украина.

    Американските разузнавачки податоци велат дека 315.000 Руси загинале или биле ранети од почетокот на војната, што е 90% од персоналот со кој Русија го почна конфликтот. Путин нареди мобилизација на 300.000 резервисти во септември 2022 и неодамна кажа дека нема потреба од нова мобилизација зашто стотици илјади луѓе доброволно се пријавиле да служат како професионални војници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира