Војната во Украина го стави Владимир Путин во голема неволја, кажа Доналд Трамп по инаугурацијата.
„Володимир Зеленски ми кажа дека сака договор. Не знам дали Путин сака, можеби не. Мислам дека би требало да склучи договор. Ја уништува Русија со тоа што не склучува договор. Мислам дека Русија е во голема неволја. Погледнете ја нивната економија, погледнете ја големата инфлација во земјата. Добро стојам со Путин, се надевам дека сака да склучи договор“, изјави новиот претседател на САД.
Трамп во кампањата ветуваше дека ќе ја заврши војната во Украина за еден ден. Сега кажа дека сака да ја заврши наскоро.
Тој смета дека Путин не може да биде среќен со бавното темпо на војната, која ја почна пред речиси три години.
„Многумина мислеа дека војната ќе трае една недела, а веќе сме трета година. Тоа не му прави да изгледа добро. Имаме бројки дека досега загинале речиси милион руски војници, како и 700.000 украински војници. Русија е поголема и може да си дозволи да изгуби повеќе луѓе, но тоа не е начин да се води држава“, кажа Трамп.