ПУТИН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ЛУКАШЕНКО ДОДЕКА КИЕВ СТРАВУВА ОД НОВ НАПАД ОД БЕЛОРУСИЈА

    ПУТИН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ЛУКАШЕНКО ДОДЕКА КИЕВ СТРАВУВА ОД НОВ НАПАД ОД БЕЛОРУСИЈАПутин и Лукашенко последен пат се сретнаа пред три и пол години (Фото: АФП)

    Владимир Путин денеска патува за Белорусија, додека Киев стравува дека тој ќе се обиде да го притисне својот сојузник да се придружи на нова копнена офанзива и да отвори нов фронт во Украина.

    Путин, чии трупи беа принудени на повлекување од северот, североистокот и југот на Украина, почна да зема појавна улога во војната, па во петокот се сретна и со руските воени лидери за да се информира за нивните идни чекори.

    Ова ќе биде прва посета на Путин на Белорусија од 2019 година, односно пред да почнат пандемијата на ковид-19 и масовните протести против Александар Лукашенко.

    „За време на овие разговори ќе се дискутира за натамошна агресија на Украина и за поширокото вклучување на белоруските вооружени сили во операциите против Украина, па така и копнени“, изјави заповедникот на здружените украински сили Серхиј Наев.

    Началникот на генералштабот на украинската војска Валери Залужни минатата недела кажа дека Русија подготвува 200.000 свежи војници за нова голема офанзива, која би можела да почне во јануари, но поверојатно напролет. Една од опциите би бил и напад од правецот на Белорусија.

    Во изминатите месеци имаше постојани активности на руската и белоруската војска во Белорусија, од каде што Русија го лансираше нападот на Киев во почетокот на војната. Во меѓувреме, двете војски формираа заедничка регионална единица во Белорусија и одржаа бројни воени вежби, а се најавуваат и нови.

    Лукашенко постојано кажува дека намера да ги праќа своите трупи во Украина, но Киев смета дека Белорусија повторно би можела да служи како база за нова копнена офанзива на Киев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира