ПУТИН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ШЈИ ЏИНПИНГ ВО ПЕКИНГ СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ

    ПУТИН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ШЈИ ЏИНПИНГ ВО ПЕКИНГ СЛЕДНИОТ МЕСЕЦШји ја посети Москва во март (Фото: АП)

    Владимир Путин ќе патува за Пекинг следниот месец, каде што ќе разговара со кинескиот претседател Шји Џинпинг, што ќе биде негово прво одење во странство откако Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) издаде налог за негово апсење. Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, изјави дека обидите на западот да ги скроти Русија и Кина само ја продлабочуваат соработката помеѓу двете земји.

    „Во октомври ќе се случат билатерални разговори помеѓу Владимир Путин и Шји Џинпинг во Пекинг“, изјави Патрушев.

    Путин ќе присуствува на третиот форум Појас и пат, откако беше поканет од Шји за време на неговата посета на Москва во март. Неколку дена пред доаѓањето на Шји, ИЦЦ издаде налог за апсење на Путин за илегално депортирање на илјадници украински деца во Русија.

    „Русија е посветена на развојот и зајакнувањето на руско-кинеските односи“, кажа Патрушев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира