ПУТИН ЌЕ СОБЕРЕ НАД 20 СВЕТСКИ ЛИДЕРИ НА САМИТОТ НА БРИКС ЗА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА РУСИЈА НЕ Е ИЗОЛИРАНА

    ПУТИН ЌЕ СОБЕРЕ НАД 20 СВЕТСКИ ЛИДЕРИ НА САМИТОТ НА БРИКС ЗА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА РУСИЈА НЕ Е ИЗОЛИРАНАНациите од БРИКС претставуваат 45% од светското население и 35% од глобалната економија (Фото: Гети)

    Владимир Путин оваа недела ќе собере повеќе од 20 шефови на држави за да го покаже зголеменото влијание на незападниот свет, но и дека изолацијата наметната поради војната во Украина не делува. Рускиот град Казан од денеска до 24 октомври ќе биде домаќин на самитот на БРИКС, блок формиран од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, на кој во меѓувреме му се придружија и Египет, Етиопија, Иран и Обединети Арапски Емирати, а поканета е и Саудиска Арабија.

    Нациите од БРИКС претставуваат 45% од светското население и 35% од глобалната економија, иако половина од економската моќ отпаѓа на Кина.

    БРИКС не сака никому да се спротивставува, но промената на двигателите на глобалниот раст е едноставно факт. Ова е здружение на држави кои работат заедно врз основа на заеднички вредности заедничка визија за развојот и принципот на земање предвид на меѓусебните интереси“, кажа Путин пред почетокот на самитот.

    Иако во Казан се поканети кинескиот лидер Шји Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Мори и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, членките на БРИКС исто така бараат од Путин да најде начин да стави крај на војната во Украина. Бразилскиот претседател Лула го откажа доаѓањето од здравствени причини.

    Овој самит е јасна порака дека обидите за изолација на Русија не успеале. Русија сака да покаже дека ги издржува санкциите и на геополитичко ниво ги има сите овие пријатели и партнери“, изјави аналитичарот Крис Вифер.

    Кратенката БРИК беше измислена од главниот економист на „Голдман Сакс“, Џим О‘Нил, во 2001, нагласувајќи го големиот потенцијал за раст на Бразил, Русија, Индија и Кина во овој век. Русија, Индија и Кина почнаа да се среќаваат поформално, со што беа удрени темелите на овој блок. Русија се обидува да ги убеди членките на БРИКС да изградат алтернативна платформа за меѓународни плаќања која би била имуна на западните санкции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира