ПУТИН Е НАВРЕДЕН ОД ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА НИ СЕ МЕШАЛ ВО ИЗБОРИТЕ, РЕЧЕ ТРАМП

    ПУТИН Е НАВРЕДЕН ОД ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА НИ СЕ МЕШАЛ ВО ИЗБОРИТЕ, РЕЧЕ ТРАМПИ покрај најавите, во Виетнам немале официјална средба, туку само неколку кратки муабети. - Доналд Трамп и Владимир Путин (Фото: АФП)

    Владимир Путин бил навреден од обвинувањата дека Русија се мешала во претседателските избори во САД минатата година, откри Доналд Трамп по кратката средба со рускиот претседател за време на самитот на Азископацифичката економска соработка во Виетнам.

    „Можете да го прашате колку сакате пати, тој вели дека воопшто не се мешал во нашите избори“, изјави Трамп.

    Министерството за правда води истрага за овие обвинувања, како и за можната вмешаност на луѓе од тимот на Трамп.

    Путин ги отфрли овие обвинувања како „политичка борба“.

    Сѐ што е поврзано со таканареченото руско досие во САД е само политичка борба. Жалам што не разговарам со Трамп. Тоа покажува дека односите помеѓу Русија и САД сѐ уште не се излезени од криза“, кажа Путин.

    Иако било најавено дека ќе имаат официјална средба, Путин подоцна го променил протоколот, па Трамп вели дека имал само два-три кратки муабети со него во Да Нанг.

    Тој кажа дека не се мешал. Тој кажа дека не се мешал. Го прашав неколку пати. Путин ми кажа дека е многу навреден од таквите обвинувања, што не е добра работа за нашата земја“, додаде Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира