ПУТИН НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ СУДИ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПОБУНАТА И ДЕКА „ВАГНЕР“ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН

    ПУТИН НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ СУДИ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПОБУНАТА И ДЕКА „ВАГНЕР“ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНПутин се обрати два дена по побуната на „Вагнер“ (Фото: АП)

    Владимир Путин изјави дека руското општество е консолидирано и кажа дека мнозинството борци на „Вагнер“ се патриоти, обраќајќи се преку државната телевизија два дена по побуната на платениците на Евгени Пригожин.

    Организаторите на обидот за побуна ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Нивните постапки се криминална активност која имаше за цел да ја ослабне државата“, кажа Путин.

    Тој им се заблагодари на заповедниците и војниците на „Вагнер“ што избегнале крвопролевање и кажа дека ќе го почитува ветувањето дека на сите кои не сакаат да потпишат договор со министерството за одбрана ќе им биде дозволено да отидат во Белорусија.

    Од самиот почеток беа преземени сите неопходни мерки за неутрализирање на побуната. Таа ќе беше задушена во секој случај“, кажа Путин.

    Рускиот лидер му се заблагодари и на Александар Лукашенко што помогнал мирно да се реши целата ситуација, но додаде дека клучно за тоа било единството на нацијата.

    Путин во саботата го обвини Пригожин за велепредавство, за потоа да му дозволи да замине во Белорусија, откако тој се согласи да го прекине походот на Москва. Пригожин денеска кажа дека неговата цел не била соборувањето на Путин, туку да се спречи уништувањето на „Вагнер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира