ПУТИН НАПОЛНИ 70 ГОДИНИ, ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ ГИ ПОВИКА РУСИТЕ ДВА ДЕНА ДА СЕ МОЛАТ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

    ПУТИН НАПОЛНИ 70 ГОДИНИ, ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ ГИ ПОВИКА РУСИТЕ ДВА ДЕНА ДА СЕ МОЛАТ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕПутин доминира во Русија во изминатите 23 години (Фото: Гети)

    Рускиот патријарх Кирил ги повика Русите да се молат за здравјето на Владимир Путин, додека тој денеска полни 70 години.

    Путин се соочува со најголемиот предизвик во своето владеење откако неговата инвазија на Украина го предизвика најопасниот судир со западот од Кубанската криза во 1962, а руската војска бележи неуспеси на бојното поле.

    И додека Путин се величи како спасител на модерната Русија, патријархот Кирил ја замоли земјата два дена да се моли за неговите здравје и долговечност.

    „Те молиме Господи Боже да му ја дадеш својата милост и дарежливост, да му дадеш здравје и долговечност и да го избавиш од отпорот на сите видливи и невидливи непријатели“, изјави Кирил.

    По повод роденденот, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го опиша Путин како една од највлијателните и најизвонредни личности на нашето време и најголем патриот на светот.

    Путин доминира во Русија во изминатите 23 години. Благодарение на уставните измени, тој ќе може да владее до 2036 и засега никој не се издвојува како негов наследник.

    Како што старее, Путин стана очигледно оптоварен со своето наследство, па воената кампања во Украина ја спореди со војните на Петар Велики за ослободување на историските руски земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира