ПУТИН НАРЕДИ ДА СЕ ПОДИГНЕ БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НУКЛЕАРНИТЕ СИЛИ

    ПУТИН НАРЕДИ ДА СЕ ПОДИГНЕ БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НУКЛЕАРНИТЕ СИЛИПутин, давајќи ја наредбата за нуклеарните сили, ги спомена дека не само изјавите од членките на НАТО, туку и тешките санкции наметнати од Западот против Русија и него лично. (Фото: АП)

    Во драматична ескалација на односите на Русија со Западот поради руската инвазија на Украина, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските нуклеарни сили да ја зголемат борбената готовност како одговор на она што тој ги нарече „агресивни изјави“ од водечките сили на НАТО.

    Наредбата значи дека Путин сака нуклеарните оружја да бидат подготвени за лансирање и ја крева заканата дека војната во Украина може да ескалира во нуклеарна пресметка.

    Истовремено со ваквиот загрижувачки развој на ситуацијата канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украинска делегација ќе се сретне со руски претставници додека руските трупи наближувaат до Киев.

    Путин, давајќи ја наредбата за нуклеарните сили, ги спомена не само изјавите од членките на НАТО, туку и тешките санкции наметнати од Западот против Русија и него лично.

    „Западните земји не само што преземаат непријателски дејствија против нашата земја во економската сфера, но високи функционери од водечките членки на НАТО излегоа со агресивни изјави во врска со нашата земја“, кажа Путин во телевизиското обраќање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира