Владимир Путин нареди делумно повлекување на руската војска од Сирија, откако дојде во неочекувана посета на земјата.
Тој беше пречекан од сирискиот претседател Башир ал-Асад, кога пристигна во воздушната база Нмеимим, во близина на Латакија.
„Им наредив на министерот за одбрана и на началникот на генералштабот да почнат со повлекувањето на руските трупи од нивните привремени бази. Донесов одлука голем дел од рускиот воен контингент во Сирија да се врати дома“, кажа Путин.
Русија почна со воздушните напади во Сирија во септември 2015 година и нејзината поддршка на силите на Асад се покажа како пресвртница во неколкугодишната крвава војна. Според Сириската опсерваторија за човекови права, во руските воздушни напади загинале 6.328 цивили, вклучувајќи 1.537 деца, иако Москва цело време демантираше дека предизвикале цивилни жртви.
„Ако терористите повторно ги покажат своите глави, ќе изведеме напади какви што немаат видено досега. Никогаш нема да ги заборавиме жртвите и загубите во борбите против тероризмот овдека и во Русија“, додаде Путин.