ПУТИН НЕ БЛЕФИРА КОГА СЕ ЗАКАНУВА СО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, ВЕЛИ БРИСЕЛ

    ПУТИН НЕ БЛЕФИРА КОГА СЕ ЗАКАНУВА СО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, ВЕЛИ БРИСЕЛПутин оваа недела се закани дека би можел да употреби секакви оружја за уништување (Фото: АП)

    Европската Унија мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин дека би можел да употреби нуклеарно оружје во Украина, изјави еврокомесарот за надворешна политика Хосеп Борел. Тој предупреди дека војната во Украина достигнала многу опасна точка.

    Путин оваа недела нареди делумна воена мобилизација во Русија и кажа дека не блефира кога се закани дека би можел да употреби секакви оружја за уништување.

    Кога некој вели дека не блефира, тогаш мора да се сфати сериозно. Руската армија е притисната, а реакцијата на Путин беше закана со нуклеарно оружје. Тоа е лошо“, кажа Борел.

    Седум месеци од почетокот на војната, Русија бележи неуспеси на бојното поле, а дипломатското решение се чини подалеку од кога било.

    Војната може да заврши, но без дипломатско решение што ќе ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина нема да има мир. Само ќе почне нова војна“, кажа Борел.

    Путин прогласи мобилизација и најави анексија на четири украински региони откако украинската војска ослободи територија од над 8.000 квадратни километри во брзата противофанзива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира