ПУТИН НЕ Е СВЕСЕН ШТО ГО ЧЕКА, КАЖА БАЈДЕН ВО СВОЈОТ ПРВ ГОВОР ЗА СОСТОЈБАТА НА НАЦИЈАТА

    ПУТИН НЕ Е СВЕСЕН ШТО ГО ЧЕКА, КАЖА БАЈДЕН ВО СВОЈОТ ПРВ ГОВОР ЗА СОСТОЈБАТА НА НАЦИЈАТАБајден успеа да ги обедини демократите и републиканците со својот говор против Путин (Фото: АП)

    Џо Бајден изјави дека Владимир Путин лошо проценил како западот ќе реагира во случај на руска инвазија на Украина. Во својот прв говор за состојбата на нацијата во американскиот Конгрес, тој вети дека ќе го казни рускиот претседател за нападот на Украина, но и дека ќе ја скроти инфлацијата и ќе ги врати САД во уште понормална ситуација по пандемијата на ковид-19.

    Во редок пример на политичко единство, и демократите и републиканците со аплауз ги поддржаа зборовите на Бајден за Украина.

    „Војната на Путин против неговиот демократски сосед беше пресметана и планирана. Тој ги отфрли сите демократски напори. Мислеше дека западот и НАТО нема да одговорат, мислеше дека ќе нè подели дома. Путин згреши, ние бевме подготвени“, кажа Бајден.

    Тој притоа објави дека руските авиони нема да смеат да летаат во американскиот воздушен простор. Осврнувајќи се на санкциите за економијата и финансискиот систем на Русија, Бајден кажа:

    „Путин не е свесен што го чека. Тој се соочи со ѕид од сила што не можеше да го замисли“.

    Специјална гостинка на Џо и Џил Бајден беше украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова, која доби стоечки овации кога се појави во салата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира