ПУТИН НЕ ПЛАНИРА ДА МУ ЧЕСТИТА НА ТРАМП, САД СЕ НЕПРИЈАТЕЛСКА ДРЖАВА, КАЖА КРЕМЉ

    ПУТИН НЕ ПЛАНИРА ДА МУ ЧЕСТИТА НА ТРАМП, САД СЕ НЕПРИЈАТЕЛСКА ДРЖАВА, КАЖА КРЕМЉКремљ претходно кажа дека му е сеедно кој ќе победи на изборите во САД (Фото: АП)

    Кремљ вели дека нема информации дека Владимир Путин планира да му честита на Доналд Трамп за победата на претседателските избори, додавајќи дека луѓето не треба да заборават дека САД се непријателска држава кон Русија.

    Москва будно ги следи и анализира изјавите на американските политичари за Русија. Односите помеѓу двете земји се на историско ниско ниво и практички е невозможно да станат уште полоши“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Тој додаде дека САД имаат можност да ја променат траекторијата на својата надворешна политика, но тоа ќе се види од јануари, кога Трамп ќе влезе во Белата куќа.

    Трамп вети дека брзо ќе ја реши војната во Украина ако стане претседател, иако не појасни како. Путин исто така повторува дека е подготвен да разговара за можен крај на војната, но притоа мора да се земат предвид руските барања и територијални придобивки во Украина.

    Кремљ претходно кажа дека му е сеедно кој ќе победи на изборите во САД, додека државните медиуми јасно го фаворизираа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира