ПУТИН ПОТВРДИ ДЕКА РАКЕТНИТЕ НАПАДИ НА УКРАИНА СЕ ОДМАЗДА ЗА НАПАДОТ НА КРИМСКИОТ МОСТ

    ПУТИН ПОТВРДИ ДЕКА РАКЕТНИТЕ НАПАДИ НА УКРАИНА СЕ ОДМАЗДА ЗА НАПАДОТ НА КРИМСКИОТ МОСТПутин се закани со нови напади на Украина (Фото: Спутник)

    Владимир Путин изјави дека Украина извршила терористички напади против Русија и се закани со жестоки реакции ако продолжат.

    На денешниот состанок на моќниот Безбедносен совет, Путин кажа дека Москва лансирала ракетни напади со долг дострел врз украинската енергетска, воена и комуникациска инфраструктура како одмазда за нападот на мостот кој ги поврзува Русија и Крим.

    „Очигледно е дека украинските тајни служби го наредија, организираа и спроведоа терористичкиот напад кој имаше за цел да ја уништи клучната руска инфраструктура. Преку вакви акции, киевскиот режим застана рамо до рамо со најодвратните меѓународни терористички групи. Невозможно е да не се одговори на вакви напади“, кажа Путин.

    Најмалку десет цивили загинаа, а 60-ина се повредени во денешните ракетни напади на Киев и други градови.

    „Ако продолжат терористичките напади на наша територија, рускиот одговор ќе биде жесток. Никој не треба да се сомнева во тоа“, се закани Путин.

    Тој ја обвини Украина и дека се обидела да изврши напади врз нуклеарна централа во Русија и гасоводот Турски тек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира