ПУТИН САКА ДА ГИ ЗАБРАНИ ГЕЈ БРАКОВИТЕ СО УСТАВ

    ПУТИН САКА ДА ГИ ЗАБРАНИ ГЕЈ БРАКОВИТЕ СО УСТАВПутин предложи низа уставни амандмани за кои ќе се гласа на национален референдум (Фото: ТАСС)

    Владимир Путин сака со измените на уставот бракот да биде дефиниран како заедница на маж и жена, со што би се забраниле истополови бракови. Тоа е еден од уставните амандмани предложени од Путин за кои ќе се гласа на национален референдум.

    Пакетот измени предвидува и прогласување на руската верба во Господ и забрана за давање руски територии, што треба да ја зацврсти руската власт на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Украина и на Курилските Острови, околу кои постои спор со Јапонија уште од Втората светска војна.

    Путин предложи и амандман за „историска вистина“, со кој треба да се „заштитат големите постигнувања на народот во одбраната на татковината“, што првенствено се однесува на огромните жртви што Советски Сојуз ги дал во борбата против нацистите во Втората светска војна.

    Путин ја изненади јавноста во јануари кога најави низа уставни измени, со кои поголема моќ треба да добие парламентот и критичарите сметаат дека тоа е негов обид да остане на власт и откако ќе му истече сегашниот претседателски мандат во 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира