ПУТИН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДОЛГА ВОЈНА ВО УКРАИНА И МОЖЕБИ НЕМА ДА ЗАСТАНЕ НА ДОНБАС, ВЕЛИ ШЕФИЦАТА НА АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ

    ПУТИН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ДОЛГА ВОЈНА ВО УКРАИНА И МОЖЕБИ НЕМА ДА ЗАСТАНЕ НА ДОНБАС, ВЕЛИ ШЕФИЦАТА НА АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕЗаробени руски тенкови во служба на украинсата армија близу Харкив. (Фото: Твитер)

    Рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, предупреди САД, и руска победа во источниот регион Донбас можеби нема да биде крај на нападите. Директорката на Националното разузнавање Аврил Хејнс на сослушување во Сенатот кажа дека следните неколку месеци може да донесат ескалација од руската страна, која може да стане понепредвидлива.

    „Актуелниот тренд ја зголемува можноста претседателот Путин да се сврти кон подрастични мерки“, вели Хејнс.

    Таа предупреди дека Русија можеби ќе се обиде да создаде копнен коридор до молдавската територија Приднестровје и додаде дека

    Путин можеби ќе воведе вонредна состојба во земјата. Според Хејнс, Путин се надева дека решителноста на САД и европските сојузници ќе ослабе со текот на времето.

    Но, таа смета дека Кремљ би одобрил употреба на нуклеарно оружје само во случај на егзистенцијална закана по Русија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира