ПУТИН СЕ СОГЛАСИ ДА СЕ СРЕТНЕ СО ТРАМП ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОБЈАВИ КРЕМЉ

    ПУТИН СЕ СОГЛАСИ ДА СЕ СРЕТНЕ СО ТРАМП ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОБЈАВИ КРЕМЉИ од Белата куќа кажаа дека Трамп и Путин би можеле да се сретнат уште следната недела (Фото: Кремљ)

    Русија и САД договорија нивните претседатели Владимир Путин и Доналд Трамп да се сретнат во следните денови, објавија руските државни медиуми.

    „На предлог на американската страна, постигнат е прелиминарен договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво во следните денови. Работиме со нашите американски колеги за да ги утврдиме деталите и местото на средбата“, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јури Ушаков.

    И од Белата куќа денеска кажаа дека Трамп и Путин би можеле да се сретнат уште следната недела, по што би следела трилатерална средба со учество и на Володимир Зеленски. По вчерашната посета на неговиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва, Трамп кажа дека постојат добри шанси за средба Путин-Зеленски во скоро време, без да изнесе други детали.

    „Русите изразија желба да се сретнат со претседателот Трамп, а тој е отворен за средба и со Владимир Путин и со Володимир Зеленски“, кажа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

    Ваквиот развој на настаните следува еден ден пред истекот на ултиматумот на Трамп, кој се закани со нови санкции за Русија ако не ја заврши војната со Украина до 8 август. Трамп најави санкции и за државите кои купуваат руска нафта, што ги вклучува и Кина и Индија.

    Последната директна средба на претседателите на САД и Русија се случи во јуни 2021, кога Џо Бајден и Путин се сретнаа во Женева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира