Бугарскиот премиер Румен Радев го шокираше Брисел, поддржувајќи го контроверзниот договор за дизел, склучен помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, и покрај западните санкции.
„Знаете кој е нашиот проблем во моментов во Европа? Високите цени на горивата. Го цениме секој чекор за намалување на цените на горивата и за гарантирање на нашата конкурентност“, рече Радев.
Наспроти него, останатите лидери од ЕУ остро го осудија договорот како ризичен, опасен и погрешен. За да се реализира, САД ги укинаа санкциите за извоз на руски дизел до април 2027.
„Многу жалиме за овој договор за дизел. Очигледно не е многу голем дел, но, сепак, е во погрешна насока. Секој чекор сега да им се помогне на Русите да го зголемат финансирањето на војната е лош знак“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Радев ги критикуваше и украинските напади врз руските рафинерии, за кои Трамп побара веднаш да запрат. Зеленски денеска изјави дека нападите ќе продолжат, затоа што Русија не се придржуваше до предложеното енергетско примирје.
„Не поддржувам напади врз ниедна рафинерија. Не поддржувам напади врз ниедна електрана, како што се руските напади врз електраните во Украина, бидејќи ова ни возвраќа удар. Цените во Европа вртоглаво растат“, кажа Радев.



