РАДИОВОДИТЕЛ ГИ ПОВИКА СВОИТЕ СЛУШАТЕЛИ ДА ГО УБИЈАТ БЕЛГИСКИОТ ПРЕМИЕР ДЕ КРО

    РАДИОВОДИТЕЛ ГИ ПОВИКА СВОИТЕ СЛУШАТЕЛИ ДА ГО УБИЈАТ БЕЛГИСКИОТ ПРЕМИЕР ДЕ КРОАлександер де Кро е среде кампања за федералните избори во Белгија (Фото: Гети)

    Белгискиот премиер Александер де Кро поднесе жалба против радиоводител кој ги повикал своите слушатели да го убијат.

    „Новинарот ги повика слушателите да го направат тоа, без разлика на обезбедувањето околу премиерот и го спомна нападот на словачкиот премиер Роберт Фицо“, изјави портпаролот на Де Кро, Баренд Лејтс.

    Фицо беше застрелан во средата и откако беше опериран, се наоѓа во стабилна, но многу сериозна состојба, кажаа словачките власти. Кон него пукаше 71-годишен маж, кој е обвинет за обид за убиство.

    „Повикување на насилство е казниво. Поднесена е жалба во полицијата во Варегем. Премиерот ја продолжува својата кампања за федералните избори на 9 јуни“, изјави Лејтс.

    Радиото „Варегем1“, кое се емитува во белгиската провинција Западна Фландрија, објави дека го суспендирала водителот кој ја дал спорната изјава, за која потоа се извинил.

    „До сите оние кои размислуваат да го застрелаат Алекдандер де Кро, но не се осмелуваат поради обезбедувањето околу тој тип: гледате дека е можно да се пука во премиер. Затоа ќе ви кажам: само напред“, рекол водителот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира