РАКЕТАТА НА ИЛОН МАСК ЛЕТАШЕ ПОДАЛЕКУ ОД ПОСЛЕДНИТЕ ДВА ОБИДА, НО ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА ВО ВСЕЛЕНАТА

    РАКЕТАТА НА ИЛОН МАСК ЛЕТАШЕ ПОДАЛЕКУ ОД ПОСЛЕДНИТЕ ДВА ОБИДА, НО ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА ВО ВСЕЛЕНАТАОва беше деветто тестирање на ракетата од првиот обид во април 2023 (Фото: АП)

    Ракетата „Старшип“ на „СпејсЕкс“ одлета во вселената од Тексас, но излезе од контрола на половина од својот лет, без да ги постигне некои од најважните цели на тестирањето, што ѝ наметна нови пречки на амбициозната ракетна програма на Илон Маск.

    Ракетата долга 122 метри, која во иднина треба да ги однесе луѓето на Марс, леташе подалеку од точката на двата претходни неуспешни обида оваа година, кога остатоци паѓаа над карипските острови, што натера десетици патнички авиони да го пренасочат своето движење.

    Ова беше деветто тестирање на ракетата од првиот обид во април 2023. „СпејсЕкс“ го изгуби контактот со бустерот додека се спушташе, по што падна во морето, со што немаше планирано контролирано слетување, додека самата ракета продолжи во суборбиталниот простор, пред да почне неконтролирано да се врти околу 30 минути по почетокот на мисијата.

    Ритамот на лансирањето за следните три лета ќе биде побрз, приближно еден на секои три-четири недели“, најави Маск, додавајќи дека има доста податоци за анализирање по денешниот неуспешен обид.

    Федералните регулатори го одобрија последниот лет на „Старшип“ пред само четири дена, по истрагата која ја приземји ракетата на речиси два месеца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира