РАСИЗАМ ВЛАДЕЕ НА ПАЗАРОТ ЗА НЕДВИЖНИНИ ВО ГЕРМАНИЈА, ТЕШКО НАОЃААТ СООДВЕТЕН СТАН ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ГЕРМАНЦИ И БЕЛЦИ

    РАСИЗАМ ВЛАДЕЕ НА ПАЗАРОТ ЗА НЕДВИЖНИНИ ВО ГЕРМАНИЈА, ТЕШКО НАОЃААТ СООДВЕТЕН СТАН ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ГЕРМАНЦИ И БЕЛЦИНаоѓањето соодветно домување во Германија може да биде тешко, а уште е потешко за оние кои не се Германци и белци, откри студијата на Германскиот центар за истражување на интеграција и миграција (ДеЗИМ). (Фото: ДПА)

    Лицата со темна кожа и муслиманите се дискриминирани на германскиот пазар на недвижности, покажува ново истражување кое го објави Дојче веле. Ако нивното име звучи странско, значително е помала веројатноста да бидат поканети да разгледаат стан. Наоѓањето соодветно домување во Германија може да биде тешко, а уште е потешко за оние кои не се Германци и белци, откри студијата на Германскиот центар за истражување на интеграција и миграција (ДеЗИМ).

    Тоа е првата сеопфатна анализа на дискриминацијата врз расно обележани лица – расни и етнички малцинства – на пазарот на недвижности. Националниот монитор за дискриминација и расизам, дел од ДеЗИМ, анкетирал над 9.500 луѓе помеѓу август 2024 и јануари 2025 година. Резултатите се статистички анализирани и поврзани со официјални податоци, како што се информации за загадувањето на животната средина во одредени области.

    Муслиманите и црнците тврделе дека биле исклучени од разгледување станови поради дискриминација многу почесто од лицата кои не се расно обележани, со веројатност од 35 и 39 насто, во споредба со 11 отсто.

    Научниците, исто така, пронашле докази за овој модел. Тие испратиле пријави до вистински огласи за станови со различни имиња на наводни кандидати, додека приходот и нивото на образование биле исти. Резултатите покажаа дека кандидатите со имиња што звучеле „германски“ имале 22 насто шанса да бидат повикани да го видат станот, додека во случај на имиња вообичаени на Блискиот Исток, Турција или Африка таа била 16 отсто. Тие имаат и значително повисоки трошоци поради цените на домувањето, па затоа трошат 40 отсто или повеќе од своите приходи за домување – 37 насто од расно идентификуваните луѓе трошат повеќе од 40 отсто од своите приходи за домување во споредба со 30 насто од луѓето кои не се расно обележани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира