РАЗОЧАРАН СУМ ОД ПУТИН, НО НЕ СУМ СЕ ОТКАЖАЛ ОД НЕГО, КАЖА ТРАМП ОТКАКО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА РУСИЈА СО ЦАРИНИ

    РАЗОЧАРАН СУМ ОД ПУТИН, НО НЕ СУМ СЕ ОТКАЖАЛ ОД НЕГО, КАЖА ТРАМП ОТКАКО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА РУСИЈА СО ЦАРИНИРуски блогери и политичари не ги сфаќаат сериозно заканите на Трамп (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека е разочаран од Владимир Путин, но сѐ уште не се откажал од него. Тој збореше со Би-Би-Си неколку часа откако објави дека ќе испрати „најелитни оружја“ во Украина и ѝ се закани на Русија со царини од 100% ако не биде склучен договор за примирје во рок од 50 дена.

    Трамп рече дека досега четирипати мислел дека има договор со Путин.

    Разочаран сум од него, но не сум завршил со него. Ќе имаме добар разговор и тамам ќе помислам дека сме блиску до договор, а тој потоа ќе урне зграда во Киев. Но, работиме на тоа да го запреме крвопролевањето“, кажа Трамп.

    Неговата објава дека САД ќе испратат системи и ракети „патриот“ беше поздравена од Киев. Се верува дека Украина моментално располага со само шест вакви системи.

    Му благодарам на претседателот Трамп за неговата подготвеност да ги штити животите на нашите луѓе“, кажа Володимир Зеленски ноќеска.

    Руски блогери и политичари, пак, ги отфрлија заканите на Трамп, опишувајќи ги како помалку сериозни од очекувано.

    Ултиматумот на Трамп е како жежок воздух и тој лесно може да го повлече. Многу нешта можат да се променат за 50 дена“, изјави рускиот пратеник Константин Косачев.

    Популарниот руски блогер Јури Подољака кажа дека Трамп би можел да го промени своето мислење повеќепати во следните 50 дена. И главната руска берза не реагираше лошо на објавата на Трамп и денеска дури порасна за 2,7%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира