РАЗОЧАРАН СУМ ОД ПУТИН, СЕ ЧИНИ ДЕКА НЕ САКА ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА ТРАМП ПО ПОСЛЕДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР

    РАЗОЧАРАН СУМ ОД ПУТИН, СЕ ЧИНИ ДЕКА НЕ САКА ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА ТРАМП ПО ПОСЛЕДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОРТрамп кажа дека нема никаков напредок со Путин (Фото: Кремљ)

    Доналд Трамп изјави дека е разочаран од последниот телефонски разговор со Владимир Путин зашто тој немал намера да ја заврши војната во Украина. Откако вчера разговараше со рускиот претседател, Трамп денеска планира да се слушне и со Володимир Зеленски.

    Многу сум разочаран од разговорот што го имав со Владимир Путин. Мислам дека тој не сака да ја запре војната и тоа е многу лошо. Нема никаков напредок со него“, кажа Трамп.

    Само неколку часа по речиси едночасовниот разговор, Русија жестоко го нападна Киев со дронови. Градските власти кажаа дека се повредени најмалку 23 луѓе и дека има запалени згради и автомобили низ целиот град. Тревогата за воздушен напад била во сила повеќе од осум часа откако Русија лансирала 539 дронови и 11 проектили кон Украина во неколку серии, објавија украинските воздушни сили.

    Главната мета на нападите беше Киев. Има штети во шест од десетте окрузи од двете страни на реката Днипро. Остатоци од дронови предизвикаа пожар во болница“, кажа градоначалникот на Киев, Витали Кличко.

    Трамп кажа дека САД не ги прекинале во целост испораките на оружје во Украина, туку го обвини својот претходник Џо Бајден дека праќал премногу оружје на штета на американската одбрана.

    Даваме оружје, но досега дававме премногу. Се обидуваме да им помогнеме, но Бајден ги испразни залихите низ целата земја, а мора да имаме доволно за нас“, појасни Трамп.

    Обидите на САД да ја прекинат војната во Украина преку дипломатија се во застој и Трамп се соочува со сè погласни повици, вклучително и од некои републиканци, да го зголеми притисокот врз Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира