РАЗОЧАРАН СУМ ОД ШПАНИЈА И БРИТАНИЈА, ЌЕ ГИ ПРЕКИНЕМЕ СИТЕ ТРГОВСКИ ОДНОСИ СО ШПАНИЈА, КАЖА ТРАМП

    РАЗОЧАРАН СУМ ОД ШПАНИЈА И БРИТАНИЈА, ЌЕ ГИ ПРЕКИНЕМЕ СИТЕ ТРГОВСКИ ОДНОСИ СО ШПАНИЈА, КАЖА ТРАМПТрамп кажа дека Стармер сепак не е лидер од типот на Черчил (Фото: АП)

    Доналд Трамп смета дека го спречил Иран прв да нападне и дека САД го натерале Израел да делува, побивајќи го својот државен секретар Марко Рубио дека Израел ги вовлекол САД во војната против Иран.

    Преговаравме со тие лудаци и мое мислење беше дека тие први ќе нападнат. Не сакав да се случи тоа. Така што, можеби јас го присилив Израел да се вмеша“, кажа Трамп, кој го пречека германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа.

    И додека односите со Германија ги опиша како многу блиски, Трамп изрази разочараност од Велика Британија и Шпанија, велејќи дека биле многу некооперативни. Шпанија не им дозволи на САД да ги користат заедничките воени бази за напади врз Иран, додека и британскиот премиер Кир Стармер донесе таква одлука во прв момент, велејќи дека не верува во насилни промени на режимите, по што, сепак, даде зелено светло.

    Не сум среќен со Шпанија и Велика Британија. Од вторите сум шокиран, но ова не е доба на Винстон Черчил“, рече Трамп.

    Притоа најави дека ќе ја прекине целата трговија со Шпанија.

    Шпанија беше ужасна. Му реков на министерот за трговија Скот Бесент да ги прекине сите трговски односи со Шпанија. Не сакаме да имаше ништо со неа“, кажа Трамп.

    Запрашан кое би било најлошото сценарио во случајот на Иран, Трамп одговори:

    Ако власта ја преземе некој еднакво лош како претходната личност. Би сакале да видиме некој подобар. Ќе видиме што ќе се случи, прво да ја довршиме нивната војска“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира