РЕЧИСИ 12 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ АКО СЕ УСВОИ НОВИОТ БУЏЕТ НА ТРАМП

    РЕЧИСИ 12 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ АКО СЕ УСВОИ НОВИОТ БУЏЕТ НА ТРАМПЏеј-Ди Венс го има одлучувачкиот глас ако гласањето биде нерешено, па Републиканците можат да си дозволат само тројца дезертери (Фото: Гети)

    Речиси 12 милиони Американци би можеле да останат без здравствено осигурување ако Сенатот го усвои новиот закон за буџетот, кој исто така ќе го зголеми државниот долг за 3,3 трилиони долари. Ова се проценките на непартиската сојузна агенција Конгресна канцеларија за буџетот (ЦБО), кои ги усложнуваат напорите на Републиканците да го усвојат „големиот, прекрасен закон“ на Трамп во следните денови.

    Законот тесно го помина прелиминарното гласање во Сенатот во саботата и републиканските лидери се мачат да ги убедат неодлучните пратеници. Членовите на ЦБО процениле дека ќе бидат укинати еден трилион долари за финансирање на здравствената заштита ако законот биде усвоен.

    Последната верзија на законот помина во Сенатот со 51-49 во гласови, при што двајца републиканци им се придружија на демократите и гласаа против. Сенаторите и вчера ја продолжија дебатата за законот, но нејасно е дали тој ќе добие доволно поддршка за да биде усвоен. Потпретседателот Џеј-Ди Венс го има одлучувачкиот глас ако гласањето биде нерешено, па Републиканците можат да си дозволат само тројца дезертери.

    Трамп го притиска Конгресот да го изгласа законот до 4 јули и Белата куќа кажа дека неговото неусвојување ќе биде големо предавство.

    Според законот, повеќе од 80% од Американците ќе добијат намалување на даноците следната година, иако побогатите даночни обврзници ќе имаат најголема корист. Но, законот предлага и намалени средства за Медикејд, програма за здравствена заштита врз која се потпираат милиони постари лица, лица со попреченост и Американци со ниски приходи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира