РЕЧИСИ 16.000 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, ИЗМИНАА КЛУЧНИТЕ 72 ЧАСА ЗА СПАСУВАЊЕ ПРЕЖИВЕАНИ

    РЕЧИСИ 16.000 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, ИЗМИНАА КЛУЧНИТЕ 72 ЧАСА ЗА СПАСУВАЊЕ ПРЕЖИВЕАНИТурските војници спасуваат десетгодишно девојче од урнатините во Хатај (Фото: АП)

    Илјадници преживеани на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија ја поминаа третата ноќ во смрзнувачки услови, додека исчезнува надежта за оние кои сè уште се под урнатините. Бројот на загинати порасна на речиси 16.000 во двете земји.

    Повеќе од 90% од преживеаните на земјотресите се спасуваат во првите 72 часа. Сепак, тој број значително зависи од временските услови, афтершоковите и колку брзо спасувачките тимови можат да дојдат до местото. Сите фактори моментално не им одат во прилог на погодените подрачја во Турција и Сирија“, вели Илан Келман, професор по катастрофи и здравство на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

    Во Турција расте револтот поради наводниот бавен одговор на властите и итните служби по земјотресот, додека критичарите ја обвинуваат владата дека е слабо подготвена. При вчерашната посета на тешко погодената провинција Караманкараш, претседателот Ердоган призна дека владата се соочила со некои проблеми, но ситуацијата сега била под контрола.

    Ако некој е одговорен за ова, тоа е Ердоган“, кажа опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу.

    Светската здравствена организација предупреди дека смрзнувачките температури би можеле да им нанесат дополнителни повреди на преживеаните. Во некои урбани средини тие се спуштаат до минус шест степени. 

    Во соседната Сирија, спасувачките напори се отежнати од веќе уништената инфраструктура поради долгогодишната војна. Европската Унија потврди дека ќе испрати помош во Сирија од 3,5 милијарди евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира