ПО 800 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЊУЈОРК И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ БЛИЖИ КОН ДВА МИЛИОНА ЗАРАЗЕНИ

    ПО 800 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЊУЈОРК И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ БЛИЖИ КОН ДВА МИЛИОНА ЗАРАЗЕНИПред само 12 дена, светот беше на еден милион заразени со коронавирус (Фото: Гети)

    Во Њујорк и Велика Британија починаа по 778 пациенти од КОВИД-19, додека светот се ближи кон границата од два милиона заразени, само 12 дена откако беше достигнат првиот милион. Велика Британија со тоа ја надмина бројката од 12.000 починати од КОВИД-19 и повеќе имаат само САД, Италија, Шпанија и Франција.

    Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, му порача на Доналд Трамп дека ќе одбие негова евентуална наредба за укинување на карантинот, со цел повторно да се отвори американската економија.

    „Трамп не е крал за да има апсолутна власт. Колку што знам, САД сѐ уште имаат претседател. Ако укинување на карантинот значи загрозување на здравјето на луѓето во мојата држава, јас нема да го сторам тоа“, кажа Куомо.

    И д-р Ентони Фаучи, главниот експерт за заразни болести во Белата куќа, смета дека е прерано да се зборува за повторно отворање на земјата.

    За тоа време, коронавирусот однесе уште 567 животи во Шпанија и 602 во Италија, што во двата случаја претставува пораст во однос на вчера. Сепак, бројката новозаразени продолжи да паѓа, па во Италија се регистрирани 2.972 нови случаи, а во Шпанија нешто повеќе од 3.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира