РЕДИЦИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ВО БУГАРИЈА ОТКАКО ВЛАДАТА ВОВЕДЕ КОВИД ПРОПУСНИЦА

    РЕДИЦИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ВО БУГАРИЈА ОТКАКО ВЛАДАТА ВОВЕДЕ КОВИД ПРОПУСНИЦАБугарија е меѓу членките на ЕУ со најниска стапка на вакцинирање

    Редици од луѓе кои сакаат да се вакцинираат се забележуваат од вчера пред вакциналните пунктови во Бугарија, откако владата усвои нови мерки, кои вклучуваат и задолжителна ковид пропусница за влез во затворени места. Потврда за вакцинирање, прележан ковид-19 или негативен ПЦР тест од денеска се бара низ целата земја.

    Од болницата „Света Ана“ во Софија вчера соопштија дека вакцинирале повеќе од 50 луѓе за два часа, а уште многу луѓе чекале во редица. Голем интерес за вакцинирање пријавиле и други болници во Софија, како и регионалните здравствени служби во Пловдив и Бургас.

    Бугарија е меѓу членките на ЕУ со најниска стапка на вакцинирање. Денеска се регистрирани 4.522 нови случаи на коронавирус, што е најголема дневна бројка од април, а починале 107 луѓе. Во бугарските болници лежат речиси 6.500 пациенти со ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира